На социјалните мрежи денес нешто по 15 часот почна да кружи видео снимка направена од Специјалната болница по гинекологија во Чаир. На неа се гледа црн чад од оџаците на болницата.
Освен што се прашуваат на што се грее болницата, и од што е тој црн облак кој излегува од оџаците, граѓаните во своите коментари се жалат на непријатен мирис.