Откако црногорскиот Институт за јавно здравје ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои се направени претходно поради малиот капацитет на лабораторијата во Црна Гора, таа стана земја со најголем број на активни случаи на заразени со коронавирус во регионот. Тестовите се анализирани во Германија, јавува хрватски „Индекс“.
Резултатите покажаа дека 475 од 2.000 тестови се позитивни на коронавирус, а кога на нив ќе се додадат и 66. позитивни потврдени во последните 24 часа во црногорските лаборатории се добива вкупен број од 1.453 активни случаи или 231 активен случај на 100.000 жители.
Веднаш зад Црна Гора е Македонија со активни 167 случаи на 100.000 жители, па БиХ со 109, Албанија со 52, Хрватска со 28, Словенија со 13.
Во Србија, пак, активно заразени се 66 на 100.000 жители, но таа држава го смета само бројот на хоспитализирани пациенти заразени од коронавирусот.
Претходно денеска Европската унија поради влошувањето на епидемилошката ситуација ги тргна Црна Гора и Србија од списокот на безбедни трети земји кои можат да патуваат во ЕУ без ограничувања.