ЦУЦУЛОВСКИ: И амебата има алтернатива, само македонската политичка елита не

Не може да нема алтернатива, и амебата има алтернатива, тоа е едноклеточно суштество, тоа е ноторно змаајување на народот, на луѓето, коментира професорот Љубомир Цуцуловски во денешната епизода на “Тешки муабети” во врска со константните изјави на политичкте елити кои велат дека нема алтернатива освен опцијата која тие ја нудат.

ЦУЦУЛОВСКИ: И амебата има алтернатива, само македонската политичка елита не

– Политичката елита не го почитува народот, човек кој не почитува други, не се почитува самиот себеси, за жал ние имаме работа со луѓе кои не се почитуват самите себеси, не се срамат пред самите себеси. Некој ќе рече што ако не се срами, срамот е услов за било каква промена, тоа е укор кон себеси, тоа е признавање на грешка, да се ослободиме од нашите предрасуди и грешки, ако не се ослободиме од нив ќе ги повторуваме.

Луѓето кои не се почитуваат себеси, не почитваат ни други, тие немаат срам. Фала Богу на човекот му е дадено тоа чувство на срам, за жал кај нас политичките елити немаат срам, тие непрекидно го продаваат и тоа што претходно го имеле. Проблемот е тоа што не постои срам, меѓу другото, вели Цуцуловски кој додава дела срамот е лав кој е свртен кон самиот себеси.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.