СЕЌАВАЊЕ НА ОНА ШТО ЌЕ СЛЕДИ. Постарата генерација веројатно се сеќава дека во СФРЈ постоеја неколку обиди за промена на химната „Хеј Словени!“ Последен посерозен обид беше во 1973/74 година. Тогаш како најприфатлива беше мелодијата од македонскиот композитор Таки Хрисик. Меѓутоа, проблемот настана кога некои почнаа да негодуваат, тврдејќи дека во СФРЈ не живеат само Словени, туку и други народи. Со други зборови, сметаа дека треба да се менува не само химната на државата, туку и нејзиното име. Тие барања не дојдоа однадвор, туку одвнатре, од одредени незадоволници во СФРЈ. Денес Република Македонија е во слична, дури и идентична ситуација. Тоа значи дека Грција не мора да побара промена на химната (како и на името на државата) туку тоа ќе се направи одвнатре – од некои персони, граѓани на Република Македонија, кои сметаат дека во неа живеат и други, различни од Македонците. Според тоа, речиси е извесно дека ќе следи промена и на химната, бидејќи не биле само Делчев, Дамјан Груев, Сандански, туку биле и…
П.С. Некои работи, по сè изгледа, македонската Пандора не ги предвидела.