Откако вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во гостување во Канал 5 телевизија кажа дека тој иако не се согласува со дел од политиките и дејствувањата на Ванчо Михајлов, нема да се огради од него и дека бил контроверзна личност.
Мицкоски додаде дека можеби после неколку децении некој ќе се оградува и од ова раководство на партијата.
Професорот Тодор Чепреганов, даскалски му објасни на Мицкоски дека нема конторверза во ликот и делото на Михајлов, не може да не се оградите од некој кој вели нема Македонци и македонско.
– Сигурно дека Михајлов бил лик, ама работата е каков лик бил, како ние во историската наука, не како е претставен туку како тој самиот се претставува. За тоа што мислам претседателот на ВМРО-ДПМНЕ може да каже дека е контроверзна личност. Воопшто не е контроверзна! Многу јасна е, тука нема збор за тоа, они настојуваат со тоа контроверзна да го покријат тоа дека бил негативна личност или треба да речат дека во тој период на постоењето на ВМРО оваа личност го направила тоа и тоа, била на таа страна.
Не може да биде контроверзна личност која не те признава, која личност ти кажува дека не постојат Македонци, дека нема македонски јазик, нема македонска култура, се ова е бугарско. Такво нешто не постои! Човекот си се изјаснил многу јасно додека бил жив и ние сега што правиме?
Поради тие убиства што ги правел во Бугарија има седум смртни пресуди. Шурувал со сите наци-фашистички групи. Анте Павелиќ му даде шофер, вила, му даде се, како не соработувал? Му даде човек да го убие кралот, како не соработувал? Тој му е советник, некаде стои дека му бил и советник.
Нема контроверзна личност или го дефинираш или не! Тоа контроверзна значи ние постојано може да го влечеме, ни машко ни женско, еднаш ни треба еднаш не, излезете ако имате храброст и кажете еве оваа личност ова има направено.
Тој има извори дека соработувал со германските нацисти, организирал контрачети во Егејска Македонија., објаснува Чепреганов во вчерашното гостување во Тешки муабети.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.