Честитка за Вучиќ и уште еден лидер во Европа: Путин испрати искрени желби за празниците, а многумина изостави!

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во својата новогодишна честитка им ја честиташе Новата година само на неколку лидери на европските земји.

Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин преку телеграма испратил честитки до избраните лидери на европските земји по повод Новата година. Путин им ги честиташе Божиќ и Нова Година на лидерите на Молдавија, Абхазија и Јужна Осетија.

Сведоштво на братот на дедото на Вања: Александар чудно се однесуваше ми рече ако е утепана Вања, ќе се утепам и јас
Сведок Митре Лазаров денеска во Кривичниот суд сведочеше за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Лазаров е брат на починатиот дедо на Вања, тој …
Се огласи Хамас: Победа или мачеништво
Членот на политичкото биро на движењето Хамас, Басем Наим денеска изјави дека смртта на лидерот не значи крај на движењето. Тој рече дека организацијата не …

Помеѓу другите европски земји, Путин упати честитки до српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Двете држави се две провинции кои се отцепиле од Грузија и во голема мера се меѓународно непризнаени. Абхазија прогласи независност во 1992 година, а руските трупи дејствуваат таму како мировници.

Јужна Осетија се наоѓа на северот на Грузија и прогласи независност една година пред Абхазија. Конфликтот со Грузија се интензивираше во 2008 година кога грузиските сили ја вратија контролата врз областа. Руската интервенција и овозможи на Јужна Осетија да формира свои институции и влада.

Претседателот на Русија упати честитки и до лидерите на Кина, Индија, Виетнам, Лаос, Боливија, Бразил, Венецуела, Куба, Никарагва, Сирија, Турција и Јужна Африка.

Тој, исто така, испрати срдечни пораки до папата Франциско и голем број поранешни странски лидери, меѓу кои и поранешниот француски претседател Никола Саркози и поранешниот германски канцелар Шредер.

Во неговата честитка немаше место за ниту еден лидер на земја која Русија ја смета за непријателска, вклучително и Соединетите Американски Држави, пренесува ТАСС.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.