Четири знаци дека ТОЈ е фантастичен во кревет

Фантастичниот секс не е поврзан само со умешноста и искуството, туку и со карактерот на мажот со кој сте во врска. Ова се четирите знаци дека тој е одличен во кревет…
Тој е џентлмен
Дали ве прашува како ви поминал денот? Дали ви ја придржува вратата? Се сетил дека сте имале важен проект на работа и го интересира како сте се покажале. Одлично! Бидете сигурни дека нема да ве разочара под чаршавите.


Знае да допира
Луѓето не се допираат само кога ќе ги обземе страста. Ако ве фати за рака додека шетате, нежно ви го допре грбот кога ве остава да тргнете пред него или ве помилува за време на романтичната вечера, бидете сигурни дека тој многу добро знае што прави.
Свесен е дека светот не се врти околу него
Треба да се сакате себеси, но би требало и да уживате додека ги правите другите среќни. Мажите кои се добри во кревет го знаат тоа.
Никаде не му се брза
Мажот кој сака сериозна врска и кој ужива во темелното градење на односот со некоја девојка, знае дека нема потреба од брзање. Тој ќе биде внимателен и трпелив кон партнерката и нема да ја принудува да направи нешто за коешто таа чувствува дека сè уште е рано. Доколку партнерот ви кажал дека никаде не брза или ви предложил да почекате, не го сфаќајте тоа како одбивање, бидејќи дефинитивно не се работи за тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.