Омилениот летен аксесоар во косата и понатаму е во тренд, а ние Ви претставуваме четири нови начини да го носите овој детаљ.
Лето, фустани и марами во коса, вака некако ја замислуваме комбинацијата за топлите денови, а овој пат идејата ни беше да пронајдеме брз и едноставен начин за да ја стилизираме косата.
Ефектен аксесоар каква што е марамата има широка примена, па може да служи и како каиш или да ја врзете околу врат. Но, кога се носи во косата, секој “аутфит” го подигнува на високо шик ниво и во целост го обезбедува женствениот изглед.
Во продолжение погледнете го Видеото кое ќе Ви помогне на брз начин да ја стилизирате марама во косата.