Она што е најважно за вашата врска и однос со партнерот е всушност здравата комуникација. Разговор за следните четири теми би требало секојдневно да водите со вашиот партнер, се додека тоа не ви влезе во рутина.
1. Понатамошни цели
Разговор за понатамошните цели во иднината ќе ве мотивира да започнете со нивно остварување. Важно е да ја имате поддршката на партнерот, која ќе ви помогне на патот кон остварувањето на вашите сништа. Но, покрај сопствените, водете дискусии и за заедничките цели и активности, кои се исклучително значаен фактор во секој однос.
2. Драги спомени
Сеќавањето на убавите моменти ќе ве расположи и ќе ве наведе да планирате понатамошни заеднички авантури. Покрај тоа, ќе се чувствувате многу повеќе поврзано со партнерот, па од ден во ден ќе го продлабочувате вашиот однос.
3. Здравје
Иако понекогаш не сакаме да зборуваме за болестите и сопствените тешкотии за да не оптоваруваме некого со тоа, сепак на крајот на краиштата здравјето е најважно и за него мораме отворено да зборуваме. Објаснете му на вашиот партнер што ве мачи и дозволете му да биде со вас и да ви помогне.
4. Секојдневни проблеми
Без разлика на тоа дали станува збор за проблеми на работа, кавга со пријател или нешто слично на тоа, важно е секогаш тие секојдневни проблеми да ги споделувате со партнерот. Изразете си меѓусебна доверба и блискост, па поттикнете го и тој вам да ви се отвори.