Словенецот Александер Чеферин, кој е претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА) од 2016 година со акламација ќе биде реизбран за прв човек на европскиот фудбал на 5 април годинава во Лисабон (Португалија), откако е единствен кандидат за претседателската фотелја.
Ниту еден противкандидат на редовниот изборен Конгрес нема да има Словенецот, откако вчера беше последниот рок за пријавување на кандидати за претседател, а само Чеферин поднесе кандидатура и сега него сите 55 членки меѓу нив и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе го реизберат со акламација откако беше јасно дека дури и да има противкандидат сигурно ќе победи поради писмата за поддршка од безмалку сите членки.