Припадник на платеничката воена група Вагнер, кој учествувал во бунтот против претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, изјавил дека тој и неговите колеги ‘не знаеле што се случува’, пренесува BBC.
Член на групата Вагнер со кодно име Глеб, инаку командант со низок ранг, за рускиот сервис на BBC изјавил дека за време на пучот организиран од лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин, бил во центарот на настаните.
Глеб учествувал во битката за Бахмут пред државниот удар, а бунтот на Вагнер против Владимир Путин започнал додека тој и другите членови на неговиот баталјон одмарале во регионот Луганск во источна Украина.
Утрото на 23. јуни, на Глеб му било кажано да се приклучи на контингентот на групата Вагнер што ја напуштаат Украина. Наредбата му била издадена од претпоставено лице кое не сакал да го именува за време на интервјуто, но за кое знаел дека постапува според упатствата на Евгениј Пригожин и упатствата издадени од Советот на команданти на групата Вагнер.
„Се работи за целосна мобилизација“, гласела наредбата што ја добил Глеб, а потоа му кажале: „Формираме колона, да одиме“.
Глеб рекол дека на никому не му било кажано каде оди колоната, но кажал дека бил изненаден кога видел како се оддалечуваат од бојното поле. Групата Вагнер не наидоа на никаков отпор за време на нивниот марш кон Москва.
„Кога ја минавме украинско-руската граница и влеговме во областа на Ростов, не ја видов граничната полиција. Сообраќајната полиција не пречека додека се движевме“, изјавил Глеб.
Профилите на социјалната мрежа Телеграм, поврзани со групата Вагнер, подоцна тврдеа дека членовите на граничната полиција стационирани на контролниот пункт Бугајевка го спуштиле оружјето кога дошле членовите на Вагнер. На овие профили беше објавена и фотографија на која наводно се гледаат околу 20 невооружени лица во маскирни костуми односно членови на руската Армија.
Кога се приближувале до Ростов на Дон, на членовите на групата Вагнер им било кажано да ги опколат сите полициски згради во градот и да го окупираат воениот аеродром. На единицата од која бил дел и Глеб и било кажано да ги окупира канцелариите на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ). Кога Глеб и неговите другари се приближувале до зградата на ФСБ, забележале дека таа била заклучена и празна. Со дрон проверувале дали има присутни службеници во зградата. По 30 минути две лица ја отвориле влезната врата од зградата и си заминале.
„Тие рекоа: ‘Момци, ајде да се договориме’. Јас им одговорив – Што треба да се договориме. Ова е нашиот град“, рекол Глеб и додал: „Се договоривме да не се судриме. Од време на време ја напуштаа зградата за да запалат цигари“.
Новинарите од Ростов на Дон објавија дека слични работи се случиле и во други руски владини згради во и околу градот. Членовите на групата Вагнер прво би користеле беспилотни летала за да ја испитаат ситуацијата на теренот, а потоа да ги опколат зградите. Никој од нив не можел да излезе, а не им дозволувале ниту влез на доставувачите на храна кои им носеле оброци и освежителни пијалоци на вработените.
Во тоа време, првиот човек на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, се сретнал во Дирекцијата на јужниот воен округ на руските вооружени сили со заменик-министерот за одбрана, генерал-полковник Јунусбек Евкуров и заменик-началникот на Генералштабот на руската Армија, Владимир Алексеев. Евгениј Пригожин побарал да му бидат предадени министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руската Армија, Валериј Герасимов.
Додека Евгениј Пригожин се среќавал со Јунусбек Евкуров и Владимир Алексеев, била активирана друга колона на групата Вагнер. Тоа била предводена од висок командант на Вагнер, Дмитриј Уткин, поранешен офицер на специјалните сили кој ретко се појавува во јавноста. Таа колона требало да стигне до Москва.
Глеб рекол дека информациите за настаните ги добивал преку социјалната мрежа Телеграм и дека немал поим што планира да направи Евгениј Пригожин.
Фотографиите од настаните во Ростов на Дон брзо го обиколија светот. Многумина беа изненадени од фактот што локалното население слободно разговарало со членовите на Вагнер кои го окупираа нивниот град. Меѓу луѓето кои разговарале со платениците наводно имало и новинари. Глеб вели дека поранешните затвореници разговарале со граѓаните на Ростов на Дон.
„Никој не им кажа да не го прават тоа. Никој не се грижеше за тоа“, рекол Глеб.
Глеб и другите борци кои се долго време во Вагнер знаат дека не смеат да разговараат со претставници на медиумите. Муабетите се казнуваат со „неутрализација“, и тоа трајно. Неколку поранешни членови на Вагнер го потврдиле истото за BBC.
На 24. јуни, еден од неговите претпоставени му кажал на Глеб дека тој и неговата единица мора да се вратат во базата во регионот Луганск.
При враќањето, тие го следеле развојот на ситуацијата преку социјалната мрежа Телеграм. Откриле дека Евгениј Пригожин е кривично обвинет, дека подоцна е отфрлено обвинението против него и дека тој е на пат за Белорусија. После тоа, тие на Телеграм дознале дека членовите на Вагнер кои учествувале во пучот нема да бидат кривично гонети бидејќи придонеле за „специјалната воена операција“ во Украина.
рам. Откриле дека Евгениј Пригожин е кривично обвинет, дека подоцна е отфрлено обвинението против него и дека тој е на пат за Белорусија. После тоа, тие на Телеграм дознале дека членовите на Вагнер кои учествувале во пучот нема да бидат кривично гонети бидејќи придонеле за „специјалната воена операција“ во Украина.
Глеб и неговите другари не знаеле што ќе се случи со нив. Им било кажано да останат во базата во регионот Луганск и да чекаат дополнителни наредби. Глеб вели дека претставниците на самопрогласената Луганска Народна Република, проруските сепаратисти кои ја окупираа областа на Луганск, се распрашувале за членовите на Вагнер и нивната судбина. Ги интересирало што ќе биде со нивната опрема и муниција.
Членот на групата, по име Глеб рекол дека не можел да го напушти Вагнер бидејќи договорот се уште не му истекол.
Пронајдете не на следниве мрежи: