Од Министерството за обрана на Романија велат дека во тек е истрага за инцидентот која ја спроведуваат специјализираните структури во рамките на Националниот одбранбен систем, службите за јавен ред и за национална безбедност
Членката на НАТО, Романија соопшти дека доцна синоќа пронашла фрагметни од беспилотно летало на фарма во близина на реката Дунав и границата со Украина, пренесува британски „Гардијан“.
„Вечерта на 28 март 2024 година, фрагменти кои се чини дека потекнуваат од воздушна направа (дрон) беа идентификувани на земјоделско земјиште во Инсула Маре а Браила (остров на реката Дунав во областа Браила во Романија н.з.) “,
се вели во соопштението на романското Министерство за одбрана, што го пренесува британскиот весник.
Од Министерството додаваат дека во тек е истрага за инцидентот која ја спроведуваат специјализираните структури во рамките на Националниот одбранбен систем, службите за јавен ред и за национална безбедност.
„Гардијан“ потестува дека НАТО има взаемна одбранбена обврска доколку една од нејзините членки биде нападната. Станува збор за членот 5 кој е можеби најпознатиот дел од Северноатлантскиот договор, кој го дефинира принципот на колективна одбрана што значи дека нападот врз една членка се смета за напад врз сите.
Сепак, по слични вакви инциденти во минатото Северноатлантската алијанса и романските официјални претставници тогаш соопштија дека не нашле докази за каков било намерен напад насочен кон Романија.
Инаку, украинското Министерство за обрана денеска соопшти дека руските сили ноќеска извршиле ушпте еден масовен напад врз енергетската инфраструктура на земјата.
Според објавата на Министерството на социјалната платформа „Икс“, украинската противвоздушна одбрана соборила 58 беспилотни летала „Шахед“, 17 крстосувачки ракети, пет наведувани ракети и четири крстосувачки ракети од типот „Искандер“.
Overnight, russia launched another massive air attack on Ukrainian fuel and energy facilities.
The enemy attacked Ukraine with 60 Shahed UAVs and 39 missiles of various types.
Ukrainian air defenders shot down 84 aerial targets, including:
• 58 Shahed UAVs
• 17 Kh-101 cruise… pic.twitter.com/Sn1HxR5rH2— Defense of Ukraine (@DefenceU) March 29, 2024
Во објавата украинското Министерство за одбрана го повторува повикот до своите западнби сојузници дека ѝ се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана.
„На Украина и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана од нашите партнери, вклучително и системи за противвоздушна одбрана ‘Патриот’, за заштита на критичната инфраструктура и цивилите од рускиот терор“,
се наведува во објавата на Министерството на „Икс“.