ЧОВЕК ВЛЕГОЛ ВО БАР И ГЛАСНО ПРАШАЛ КОЈ ЌЕ ГЛАСА за ДА СИЛВА: Еден рекол дека ќе гласа! Тој извадил нож и почнал да го боде

Поддржувач на поранешниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва, сега кандидат на претседателските избори, е избоден до смрт во бар во градот Каскавел, соопшти денеска бразилската полиција.

ЧОВЕК ВЛЕГОЛ ВО БАР И ГЛАСНО ПРАШАЛ КОЈ ЌЕ ГЛАСА за ДА СИЛВА: Еден рекол дека ќе гласа! Тој извадил нож и почнал да го боде

Според очевидци, а како што пренесува весникот О Пово, во саботата во кафеаната влегол маж и ги прашал присутните кој од нив ќе гласа за Да Силва на изборите на 2 октомври.

Еден гостин рекол „јас“, па бил нападнат со нож и избоден. Истиот ден починал во болница.

Претставник на локалната полиција ја потврдил пријавата, барајќи да остане анонимен.

Претходно полицијата соопшти дека гостинот е убиен по „политичка дискусија“ и додаде дека осомничениот за убиството на возраст од 59 години е во бегство.

Да Силва, левичар кој управуваше со Бразил од 2003 до 2010 година, како претседателски кандидат, е во предност во буквално сите испитувања на јавното мислење пред актуелниот претседател, десничарот Жаир Болсонаро, кој тврди дека анкетите не ја кажуваат вистината, а се однесуваат на можноста за изборна кражба со која би му била одземена претседателската функција.

За време на напнатата претседателска кампања, поддржувач на Болсонаро уби локален функционер на Работничката партија на Да Силва во градот Фоз де Игуасу.

И двајцата претседателски кандидати носат панцирни елеци на јавни настапи.

Во 2018 година, Болсонаро за влакно ја избегна смртта кога беше избоден од ментално растроен маж.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.