Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Директор на основно училиште почнал да бега откако мечка излегла од школски контејнер во Западна Вирџинија.

Она што ја направи средбата уште пошокантна е тоа што човекот ја отклучувал шипката на контејнерот, поставена токму поради мечката, која требала да го спречи ова животно да влезе внатре.
Оваа безбедносна мерка очигледно не успеала, а мечката влегла во контејнерот и скокнала кога директорот се обидел да го отвори.

Безбедносните камери го фатија директорот како бега од животното, а мечката исто толку брзо истрча во друга насока.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.