Чоколадна фантазија која не се пече

Оваа торта не содржи многу состојки, а вкусот ѝ е фантастичен. Британската кралица Елизабета Втора и принцот Вилијам го обожуваат овој десерт, открива личниот кралски готвач Дарен Мек Грејди.
Потребни состојки:
-120 гр. путер
-120 гр. шеќер
-120 гр. темно чоколадо
-1 јајце
-220 гр. кекс
За глазура:
240 гр. растопена чоколада


Начин на припрема:
1.Намастете калап за торта со дијаметар од 20 центиметри.
2.Искршете го кексот со раце да биде отприлика со големина на бадеми.
3.Во поголем сад ставете го путерот кој претходно отстоил на собна температура и помешајте го заедно со шеќерот. Матете сѐ додека не добиете хомогена смеса.
4.Растопете 120 грама темно чоколадо на пареа и почекајте да се излади. Потоа додадете го во смесата со путерот и шеќерот, притоа постојано мешајте.
5.Додадете едно јајце и изматете за да се поврзат состојките.
6.Во чоколадната смеса додадете ги парчињата кекс и измешајте.
7.Вака подготвената смеса истурете ја во калапот и израмнете ја, а потоа ставете ја во фрижидер за да се “стегне” околу 3 часа.
8.Во меѓувреме растопете 200 грама чоколадо.
9.Кога ќе ја извадите тортата од фрижидер, превртете ја наопаку и прелијте со глазурата од растопеното чоколадо.
10.Оставете ја тортата на собна температура додека не се излади глазурата, а потоа сервирајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.