Потребни состојки:
За тесто:
250 г брашно
170 г ладен путер
80 г шеќер
1 прстофат сол
За прелив од карамела:
150 г кафеав шеќер
100 г путер
Прстофат сол
80 г слатка павлака
1 лажичка екстракт од ванила
200 г сечкани бадеми
100 г чоколадо или повеќе, по желба
Начин на подготовка:
Тавчето за печење обложете го со хартија за печење. Вклучете ја рерната на 175 степени. Промешајте брашно, шеќер и сол. Додајте путер, па добиеното тесто распоредете го на дното и избоцкајте го со вилушка. Печете го 15 минути, а откако ќе го извадите оставете го да се излади 1-2 минути.
За тоа време направете прелив од карамела(да биде готов кога тестото ќе биде печено). На умерена температура ставете ги во тенџере шеќерот, путерот, солта и слатката павлака. Откако ќе се растопат шеќерот и путерот, додајте екстракт од ванила и сечкани бадеми.
Топлиот прелив распоредете го и вратете во рерна. Печете околу 10 минути или додека бадемите да добијат убава боја. Внимавајте да не ја препечете карамелата.
Преливот треба да биде цврст, но не премногу. Откако ќе се излади, дополнително ќе се стегне. Оставете да се излади.
Извадете го од рерна заедно со хартијата. Ставете го на даска и исечкајте парчиња по ваша желба. Растопете чоколадо на пареа и прелијте го над парчињата. Откако ќе се стегне, послужете.