Чудо од дете: Има осум години, а студира на три факултети

Лорен Симон има осум години и е студент на три престижни универзитети во Холандија и Белгија, со што ја освои титулата најпаметно момче во Европа.
Наизглед типичното осумгодишно дете има коефициент на интелигенција 145, а пред да стане „најмлад студент во историјата”, го завршил основното училиште за само две години, а средното училиште за година ипол.


Симон, како што наведува Б92, се запишал во основно училиште кога имал четири години.
Пред запишувањето на факултет, Симон, чиј татко е Белгијанец, и мајка Холанѓанка, за белгиската радио станица РТБФ изјави дека негов омилен предмет е математиката. Тој тогаш сакаше да стане хирург и астронаут, но исто така рече и дека размислува за ИТ технологии.
Таткото на Лорен вели дека кога неговиот син бил помлад, имал проблем да си игра со други деца и оти никогаш не бил особено заинтересиран за играчки, објави Би-Би-Си.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.