Чурлинов: Натпреварите нема да бидат лесни, но ќе дадеме сè од себе

Македонија во следниот период ќе се соочи со Летонија и Фарски Острови во Лигата на нации, а македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ги кажа неговите очекувања.

Чурлинов сака со две победи да го завршат овој циклус на натпревари, а притоа посочи дека очекува голема поддршка од публиката.

„Играме на домашен терен и тоа е голема мотивација за нас. Ќе ги анализираме противниците и ќе се фокусираме на задачите кои ќе ни ги даде селекторот. Сите веруваме во успех. Натпреварите нема да бидат лесни затоа што нема лесни противници. Сакаме на најубав можен начин да ја завршиме оваа мисија. Ако излеземе на терен и го направиме тоа што ни е кажано, мислам дека ќе поминеме многу добро “, кажа Чурлинов.

Македонија го игра првиот меч во Скопје против Летонија на 14 ноември, а три дена подоцна ќе се соочи со Фарски Острови.

Во групата 4, Македонија е прва со 10 бодови, по што следат Ерменија и Летонија со по четири поени, а Фарски Острови има три бода.

Пронајдете не на следниве мрежи: