Граѓанското движење „Аваја“ информираше за случај во кој наставничка од ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани омаловажувала ромско девојче кое носело шамија во училиштето и за време на наставата. Од таму велат дека психологот и педагогот од истото училиште упатиле закани дека нема да ѝ биде дозволено на девојчето да посетува настава.
- Загина скопјанец: Со возило излетал од патот Велес-Скопје, починал на место
- Еве зошто мажите велат за жени „лоши во кревет“! Овие работи ги нервираат до бесвест
- Британски министер: Во голема војна како таа во Украина британската армија ќе биде уништена за шест месеци
- Донатела Версаче го смени личниот опис! Модната дизајнерка го шокираше светот – ова досега не е видено
- Пристига полна месечина во Близнаци! Клучен е 15 декември – 4 знаци го менуваат животот од корен
„Аваја“ најостро го осуди настанот и најавува дека ќе достави претставка до Народниот Правобранител и ќе го пријави случајот до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
- Слободата на религијата е загарантирана со Устав и закон, а дискриминацијата врз основа на религија е забранета и од тука произлегува дека институциите мора да ги почитуваат законите и да ги почитуваат начелата на религиска толеранција, велат од Движењето.
Вчера во училиштето бил заменик – министерот за правда Агим Нухиу и државниот секретар Мухамед Точи, кои разговарале со директорот на училиштето и донеле заклучок дека ученичката може да ја носи шамијата за време на наставата.
- Родителите кажаa дека Алејна беше спречена да продолжи со настава заради шамијата во училиште во Кочани! Шамијата на една од нашите сестри не е презир, туку благодарност од секој што ќе реши да ја носи! Алејна Исмаиловска ќе продолжи да ја следи наставата! Никој не може да биде над законот! Правда и достоинство за сите, објави Нухиу.