Шаторите на „Македонија блокира“ – украдени!?!

Од „Македонија блокира“ велат дека шаторите кои беа поставени спроти Собранието на Р.Македонија се украдени. Без нивно знаење утринава екипи на градското комунално претпријатие го отстранија кампот и го раскреваат шутот. Од „Единствена Македонија“ си ги бараат шаторите кои се во нивна сопственост и посочуваа дека пријавиле во полиција поставување на камп до 31 декември годинава.
-Го пријавивме кампот до дочекот на Нова Година. Имавме разбирање и претходно ги поместивме шаторите на тротоарот и во паркот, за да не бидат на улица и да можат возилата слободно да се движат, да не страда народот и никому да не му сметаат. Од утринава шаторите ги нема. Поради тоа пријавивме кражба во полиција – велат од „Единствена Македонија“, јавува “Фокус“.мк.
Од здружението додаваат дека кампот бил отстранет по наредба на градските власти, а со асистенција на полицијата.
-Ако не ги вратат шаторите ќе тужиме за кражба. Освен тоа ќе дадеме наредба до сите општински комитети да се блокираат градовите, бетер ќе направиме, да видам колку полицајци ќе ангажираат – додаваат од таму.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.