Интересната ситуација ја опиша „Мондо“, кој наведува дека новинар од Бангладеш зборувал за голем број швајцарски репрезентативци кои дошле во таа земја „однадвор“, па за Шаќири, кој е роден во Гњилане, потсетил дека тој „Доаѓа од Србија“.
Репрезентативецот на Швајцарија, Џердан Шаќири , на прес-конференцијата се соочи со необично прашање.
Еден од странските новинари „мртов ладен“ му порача на најважниот фудбалер на оваа земја дека доаѓа од Србија.
Интересната ситуација ја опиша „Мондо“, кој наведува дека новинар од Бангладеш зборувал за голем број швајцарски репрезентативци кои дошле во таа земја „однадвор“, па за Шаќири, кој е роден во Гњилане, потсетил дека тој „Доаѓа од Србија“.
Поранешниот играч на Ливерпул ја немаше реакцијата каква што многумина би очекувале со оглед на тоа како се однесуваше пред само четири години на Светското првенство во Русија.
„Селекторот веќе кажа дека има многу имигранти во Швајцарија и дека имаме навистина различни националности, но играме за Швајцарија и сакаме да и дадеме се од себе на нашата земја. Секој натпревар за Швајцарија е посебен за мене и уживам во него. Убаво е да се видат толку многу наши навивачи, секогаш „Убаво е што земја со многу странци може да има успешна фудбалска репрезентација. Тоа не е нешто што го гледаш секој ден“, рече Шаќири.
Репрезентацијата на Швајцарија вчера го играше натпреварот од второто коло на Светското првенство против Бразил и загуби со 1:0.