Швајцарската Народната банка за прв пат обелодени каде ги држи своите 1040 тони злато, кое што речиси една третина е во странство – во Велика Британија и Канада.
Претседателот на Швајцарската централна банка Томас Јордан на годишниот состанок на акционерите изјави дека 70 проценти од златните резерви на банката се чуваат во Швајцарија, а дека 20 отсто во Банката на Англија и 10 отсто во Банката на Канада.
Тој негираше дека Швајцарија Централната Банка треба да го врати тоа злато во земјата, или да ги зголеми своите резерви. Од крајот на Студената војна, неколку европски централни банки своите резерви на злато ги депонираа во странство поради страв од инвазија.
Поради превирањата на финансиските пазари во последниве години, сепак, кај некои европски земји постојат стравувања за безбедноста на нивните резерви на злато.
Владата на Швајцарија пред една недела објави дека националистичката Швајцарска Народна партија собрала доволно потписи за свикување референдум на кој треба да се гласа за забрана за на централната банка да ги продава резервите на злато или да ги чува во странство.Швајцарската Народната банка за прв пат обелодени каде ги држи своите 1040 тони злато, кое што речиси една третина е в