Легендарната актерка Шерон Стоун малку што и остави на имагинацијата откако објави фотографија на социјалните мрежи само во долниот дел од нејзиниот костим за капење.Шерон Стоун позираше пред слика која е во фаза на подготовка, а која е дело на нејзините раце. Таа застана со грб свртена кон камерата. View this post on Instagram A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)По успешната филмска кариера, актерката се посвети на уметноста, а веќе ги изложи своите дела.„Понекогаш само се префрлам од базен на сликање “, напиша таа покрај фотографијата што ја објави, а која објаснува како дошла до тоа да слика топлес.Актерката деновиве во интервју за „Холивуд репортер“ изјави дека нејзините 18 милиони долари, кои ги акумулирала по повеќе од две децении во филмската индустрија, испариле откако не можела да работи поради мозочен удар што го доживеала.
Пронајдете не на следниве мрежи: