Стареењето е невозможно да се запре, но со здрав живот и одговорна нега може да се забави. Еве на кои работи треба навистина да внимавате.
Седење
Неаквитноста е многу лоша за вашата кожа. Неодамнешна студија на американската медиумска заедница покажува дека луѓето кои вежбале 30 минути два пати во неделата имале значително подобра и поздрава кожа во однос на оние кои не биле активни.
-Предолго седење пред компјутер на работа може да предизвика појава на брои, вели докторката Соња Батра. Таа додава дека гледањето во телефон или таблет може да предизвика појава на линија на вратот.
Претерано чистење на лицето
Природната маснотија на кожата ја штити, хидрирајќи ја и јачајќи ја заштитната функција поради што не би требало премногу агресивно да го миете лицето.
Избегнете агресивни сапуни и средства за чистење, исто така немојте претерано да правите пилинг или да користите претопла вода, бидејќи врелата вода ја суши кожата.
Не носите очила за сонце
Без разлика дали е многу сончево или не, не заборавајте да се заштитите. Носењето на очила за сонце може да спречи појава на брчки околу очите. Исто така, очилата со УВ филтри ќе ве заштитат од штетните зраци.
Правење чудни гримаси
Правењето гримаси, претерано смеење, мрштење и подигнување на образите може предизвика појава на бори, а со време тие стануваат се подлабоки, а кожата ја губи еластичноста.
Пиење течност низ цевка
Пијте многу вода, но држете се подалеку од цевките. Ако пиете пијалаци низ цевка ризикувате во реонот на усните да ви се формираат линии. Тие можат да бидат многу длабоки и да ве направат постари. Значи, држете подалеку од пиењето од цевка и пијте директно од чаша.
Пушење
Пушењето исто така предизвикува појава на брчки околу усните. Кога некој пуши, тој исто така ги собира усните, а тоа предизвикува појава на брчки околу устата. Она што е уште полошо е дека пушењето исто така влијае на крвта која доаѓа до кожата, па директно има влијание на неа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.