Шест намирници богати со протеини кои најчесто ги консумираат долговечните луѓе

Таканаречените сини зони привлекуваат сè поголем интерес кај научниците, но и кај обичните луѓе.
Станува збор за региони во светот со најголема концентрација на стогодишници, во кои спаѓаат Икарија во Грција, Окинава во Јапонија, Сардинија во Италија, Лома Линда во Калифорнија и полуостровот Никоја во Костарика.

Денеска ќе се занимаваме со храната која е богата со протеини, која е воедно и дел од исхраната на жителите на сините зони. Протеините се суштински дел од нашата исхрана бидејќи играат витална улога во одржувањето на мускулната сила, заздравувањето на раните, создавањето нови клетки и обновувањето на старите. Според Светската здравствена организација, на просечен човек му се потребни 0,8 грама протеини по килограм телесна тежина. Тоа би значело дека на човек тежок 70 килограми му се потребни 56 грама протеини дневно.
Еве кои намирници најчесто ги консумираат долговечните луѓе:

Шест намирници богати со протеини кои најчесто ги консумираат долговечните луѓе

Мешунки
Исхраната на жителите на сините зони изобилува со грав, грашок, боранија и леќа. На пример, црниот грав се јаде во Костарика, на Медитеранот се консумира грашок, а во Јапонија – соја.

Житарици од цело зрно
Житариците се сметаат за примарен извор на јаглехидрати, но содржат и завидно ниво на протеини. На пример, во една чаша киноа има 8 грама протеини.

Јаткасти плодови и семиња
Иако имаат многу калории, јаткастите плодови и семињата се омилена закуска и ужина во сините зони. Најмногу протеини има во семките од тиква, кикиритките, бадемите и лененото семе.

Риба
Рибата во сините зони се јаде во умерени количини, околу три пати неделно. Најчесто се консумираат сардини, инчуни и бакалар.

Млечни производи
Млечните производи се релативно ретки во сините зони, а кога се јадат, потекнуваат од овци и кози. Јогуртите, сирењата и млекото се добри извори на протеини.

Јајца
Знаеме дека јајцата се богати со протеини, а најдолговечните луѓе ги консумираат повремено. Тие јадат четири до шест јајца неделно, најчесто со намирници од растително потекло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.