Шест начини како подобро да се наспиете

Сите знаеме колку сонот е битен за здравјето на целокупниот организам, но не секогаш најлесната мисија е квалитетно да се наспиете.
Меѓутоа, со нашите шест трикови ви гарантираме дека ќе се разбудите наспани и расположени.
Намалете го внесот на кофеин
Кофеинот останува во вашиот организам со часови, што може да го отежни спиењето. Избегнувајте напитоци кои содржат кофеин по 14 часот и ќе ја забележите разликата.


Вежбајте порано
Вежбањето навечер е во ред, но само доколку на своето тело му обезбедите три часа одмор по тренингот.
Водете грижа за течностите
Додека спиете, организмот е програмиран да задржува повеќе урина, но доколку станувате навечер за да одите до тоалет, тоа значи дека сте испиле премногу течности пред спиењето. Избегнувајте го тоа и намалете го внесот на течности неколку часа пред спиењето.
Оставете ги техничките уреди на страна
Сината светлина од вашиот телефон, таблет и телевизор го инхибира производството на мелатонин (хормон кој го регулира циклусот на сон). Еден час пред заминувањето во кревет исклучете ги сите уреди и погрижете се вашиот телефон да не ви е на дофат на рака.


Опуштете се – буквално
Вашата телесна температура благо се намалува кога спиете, па затоа погрижете се собната температура да не е превисока (не повисока од 18 до 22 Целзиусови степени). Претоплата просторија го пореметува сонот.
Избегнувајте го исклучувањето на алармот
Тие седум или повеќе минути всушност не се вистински сон. Подобро е да го наместите алармот точно на време кога ќе мора да станете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.