Шест непријатни работи кои телото ги прави, а се многу корисни

Дали некогаш сте се запрашале зошто ждригате по јадење или понекогаш се слушува да испуштите гасови? Иако овие телесни функции можеби се непријатни, всушност се многу корисни кога станува збор за здравјето.

Тоа се дел од најчестите механизми на телото со справување во одредени ситуации.

Восок во ушите
Ако имате чувство на затнување на ушите, тоа може да се должи на акумулација на ушна маст, позната и како церумен. Меѓутоа, кога не предизвикува штета и непријатност, ушната маст е всушност добра.
„Восокот во ушите не само што е нормален, туку и неопходен. Ги штити ушите од работи кои можат да го повредат тапанчето, како прашина, влакна или мали инсекти“, вели д-р Џејклин Рејлсбек.

Ждригање
Ждригањето е начин телото да го исфрли вишокот гас од желудникот и тоа е нормална телесна функција. Кога внесуваме храна или пијалок, тие поминуваат низ хранопроводот во желудникот каде стомачните киселини и дигестивните ензими работат за да ја разградат храната на хранливи материи што ги користиме за енергија, а таа енергија создава гас во процесот.
Ако понекогаш го спречувањето ждригањето бидејќи ви е непријатно, може да се појави надуеност и непријатност во стомакот.

Слуз од носот
Слузта природно се произведува од клетките во устата, грлото, носот и синусите. Има важна улога во подмачкување и заштита на горните и на долните дишни патишта. Содржи специјални антитела и протеини кои помагаат во борбата против штетните бактерии кои можат да влезат во вашиот респираторен тракт.

Вагинален исцедок
Вагиналниот исцедок всушност е знак за здрав репродуктивен систем.
„Вагиналниот исцедок е начин преку кој телото ги отстранува мртвите клетки и бактерии, ја одржува вагината чиста и спречува инфекција“, додава д-р Рејслбек.

Испуштање гас
Иако испуштањето гас може да биде непријатно, тоа е природен резултат на дигестивниот процес.
„Тоа е начин телото да ги исфрли проголтаниот воздух и ферментираните нуспроизводи од несварената храна“, вели д-р Брет Мендел.
Испуштањето гас може да укаже дека вашата исхрана е богата со влакна, што може да сигнализира подобрување на здравјето на цревата и микробиомот. Може да помогне во спречување на болки и надуеност во стомакот.

Лупење на кожата
Сапуните и сунѓерите за капењее ги отстрануваат клетките на кожата без ние да го забележиме тоа, но ако на некои места на телото не правите пилинг, не е чудно што ќе забележите лупење или перутење на кожата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.