Доколку сметате дека вашиот план на исхрана за слабеење мора да биде рестриктивен, диететичарите докажуваат дека можете да го намалите обемот на струкот, колковите и задникот и без строг режим.
Ако сакате да го припремите вашето тело за претстојното лето или само да ја намалите тежината за неколку килограми, ви откриваме план на исхрана кој мора да го испробате.
Според диететичарката Лин Вард, првата работа која треба да ја направите со цел да ги елиминирате маснотиите е “чиста диета”, односно да бирате природни намирници.
Диететичарката советува да вклучите храна во боја на виножито во својата исхрана и да го следите правилото 80/20 – при што здраво се исхранувате 80 отсто од времето и јадете што ќе посакате 20 отсто од времето.
Исто така, Вард истакнува дека со овие шест оброци кои ги менувате секој ден по ваш избор, можете брзо да забележите позитивни резултати.
Оброк 1: Испасирано авокадо со исецкан домат, изрендана фета и малку сок од лимон и чаша зелен чај.
Оброк 2: Високо протеински грчки јогурт со две лажички гранола и кафе.
Оброк 3: Салата со туна, маслинки, сирење, марула, морков и домат. Црн чај без млеко и шеќер.
Оброк 4: Банана и 12 бадеми.
Оброк 5: Салата со кус-кус и зеленчук со кари и леблебија.
Оброк 6: Свежи јагоди.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.