– Шефот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), Филипе Лазарини, вчера изјави дека повеќе од 100.000 Палестинци се убиени, ранети или исчезнале во последните четири месеци во израелските напади врз Појасот Газа.
„Таа бројка претставува 5% од вкупното население во регионот. Повеќе од 80% од населението се раселени, поголем дел повеќепати“, објави Лазарини на социјалната мрежа Х.
- Бајден: САД работат на тоа да им се овозможи на раселените од северен Израел да се вратат домаАмериканскиот претседател Џо Бајден изјави дека „работи“ на тоа да… Read more: Бајден: САД работат на тоа да им се овозможи на раселените од северен Израел да се вратат дома
- КОЈ Е ИБРАХИМ АКИЛ? Беше фигура во сенка на ХезболахИбрахим Акил, познат и како Тахсин, е клучен оперативец на… Read more: КОЈ Е ИБРАХИМ АКИЛ? Беше фигура во сенка на Хезболах
- УЧЕНИК СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЛ ВРСНИК – Мајката пријавила во полиција!Мајка од Скопје вчера пријавила во полиција дека нејзиниот син… Read more: УЧЕНИК СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЛ ВРСНИК – Мајката пријавила во полиција!
- НИКОЛОСКИ ВО БУДИМПЕШТА: Македонија влегува во силен инвестициски циклусВлегуваме во силен инвестициски циклус во изградба и модернизација на… Read more: НИКОЛОСКИ ВО БУДИМПЕШТА: Македонија влегува во силен инвестициски циклус
- Истрагата за обидот за атентат на Трамп: Агентите премногу опуштени, протоколот прекршенДиректорот на службата, Роналд Роу, денеска им изјави на новинарите… Read more: Истрагата за обидот за атентат на Трамп: Агентите премногу опуштени, протоколот прекршен
Тој наведе и дека околу 17.000 деца во Газа останале без придружба или се одвоени од своите родители.
„Прекинот на огнот задоцни. Потребна е поинаква патека за доброто на луѓето во Газа, на друго место во регионот и пошироко“, заклучи Лазарини.
На 26 јануари голем број земји го запреа финансирањето на УНРВА откако Израел излезе со тврдење дека некои вработени во оваа агенција на ОН биле вмешани во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.
Агенцијата соопшти дека е започната истрага и ги раскинала договорите со неколку вработени по израелските обвинувања.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.