Шилегов и Коце се скараа – чија е донацијата од Кина, на цели 50.000 маски

Шилегов и Коце се скараа – чија е донацијата од Кина, на цели 50.000 маски (прашањето е поставено иронично)

Ќе се добие впечаток дека којзнае што сме добиле. Но тоа е нашата реалност…

Нанчанг до главниот град Скопје испрати донација од 50 илјади заштитни маски во борбата против корона вирусот. Истата си ја припишаа како своја и Коце и Шилегов…

Коце напиша: Сакам да се заблагодарам на градоначалникот на збратимениот кинески град Нанчанг за брзата реакција на моето барање,и за донацијата од 50.000 заштитни маски. Во овие тешки моменти оваа донација е многу значајна за жителите на Скопје. Пријателите се препознаваат во вакви моменти. Се надевам дека амбасадата на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА во НР КИНА ќе стори се донацијата брзо да дојде во Скопје со што ќе допринесе за намалување на последиците од корона вирусот.

Град Скопје исто напиша: РЕАКЦИЈА

Градот Скопје официјално со допис се обрати до збратимениот град Нанчанг и до амбасадата на НР Кина во Република Северна Македонија за евентуална помош и донација на медицинска опрема од збратимениот град. За тaа намена, Град Скопје имаше интензивна комуникација со градот Нанчанг и амбасадата на Република Северна Македонија во НР Кина, како и со кинеската амбасада во нашата држава.
Не знаеме дали господинот Коце Трајановски ургирал до збратимениот град Нанчинг во НР Кина за добивање на заштитни маски, но ако навистина е така, Град Скопје ја поздравува неговата ангажираност. Ова не е време за политика и фалење, туку е време за човечка помош во овие критични моменти.
Град Скопје во меѓувреме го организира и транспортот на донираната опрема, со цел истата што е можно побргу да стаса во нашиот град и биде од помош за надлежните градски и државни институции.
Уште еднаш во име на нашите граѓани, искажуваме голема благодарност кон збратимениот град Нанчанг и народот на НР Кина.
*
И сега чии се маските?
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.