Поранешниот македонски првак Шкендија и официјално го продаде својот најголем талент, Дашмир Елези во грузиски Торпедо Кутаиси, но не објави финансиски детали од трансферот.
Албанските медиуми пред шест дена објавија дека Шкендија го продава Елези за 100.000 евра плус 15 отсто од парите за следниот трансфер на талентираниот фудбалер, а најупорен во преговорите бил токму Торпедо Кутаиси, иако постоеше интерес од неколку турски екипи.
Талентираниот фудбалер дебитираше на само 16 години, а во досегашниот дел од кариерата во Шкендија настапи на 68 меча во сите конкуренции и постигна 10 гола.