Шкрињар ги остави на цедило, Интер по два ипол месеци

Фудбалерите на Интер ја пропуштија шансата барем привремено да го прескокнат градскиот ривал Милан и да дојдат до втората позиција на табелата во Серија А, откако вечерва, на домашен терен, неочекувано загубија од Емполи (0-1).

Главна причина за поразот е фактот што „нераѕурите“ повеќе од едно полувреме играа со фудбалер помалку, по двата жолти картони на Шкрињар во само 15 минути. Тоа го искористи Томасо Балданзи во 66. минута и тоа само две минути откако влезе во игра, но со голема помош на голманот Онана под чии раце се протна топката. До крајот на мечот домашните имаа неколку сто отстотни шанси, но немаа среќа да дојдат барем до изедначување.

Пронајдете не на следниве мрежи: