ДВАЈЦА ВОЗРАСНИ И 14-ГОДИШНО ДЕТЕ СЕ ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ: Биле во импровизиран верски објект во Неготинско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела меѓу кои и на едно дете на возраст од околу 14 години.

При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство.

Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.