Хрватскиот поп пејач Петар Грашо, кој неодамна се појави со сопругата Хана Хуљиќ на церемонијата на доделување музички награди во Белград, на концерт гризна обожавателка за нога, а видеото се појави на социјалните мрежи и се прошири брзо.
Многумина се шокирани од ваквиот потег на хрватскиот пејач, а на видеото се гледа дека обожавателката стои на бината покрај Грашо кога тој приоѓа и ја гризе за ногата.
На некои ова им е смешно, други се чудат.