ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ НА МЕСТОТО НА падот на авионот на ПРИГОЖИН: Местото на несреќата е избришано, израмнето со багери и булдожери! (ФОТО)

Додека низ светот се уште се шпекулира за причините за падот на авионот во кој се наоѓал Евгениј Пригожин, се очекува руското истражно биро во одреден момент да ги открие причините за настанот. Во меѓувреме, се појави вест дека местото на падот на авионот е избришано.

ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ НА МЕСТОТО НА падот на авионот на ПРИГОЖИН: Местото на несреќата е избришано, израмнето со багери и булдожери! (ФОТО)

Си-Ен-Ен јави дека локацијата е израмнета со багери.

  • Местото на несреќата беше целосно срамнето со булдожери, како авионот никогаш да не се урнал – објави новинарот Метју Шанс, кој моментално се наоѓа во Русија.

Како што покажуваат видеата од местото на настанот, на едно место на голема чиста површина каде до пред некој ден се собираа остатоците од кобниот авион, останал само камен со цвеќиња.

Авионот падна на 23 август, а кога екипажот на Си-Ен-Ен пристигна на местото во понеделникот наутро, сите делови од авионот веќе беа отстранети.

На теренот кој го израмнија багерите, имаше само мал импровизиран споменик со цвеќиња и амблемот на групата Вагнер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.