– Германскиот канцелар Олаф Шолц денес побара од пратениците од опозицијата нивна поддршка во донесувањето на клучните закони пред предвремените избори закажани за февруари 2025 година.Во обраќањето пред Парламентот, Шолц повика на соработка меѓу демократските партии во врска со економските и социјалните предизвици.„Да работиме заедно за доброто на земјата до новите избори“, повика тој, нагласувајќи ја потребата од компромис во наредните недели.Канцеларот од редот на социјалдемократите ја бранеше својата неодамнешна одлука за разрешување на министерот за финансии од либералите и за прекин на коалицијата со Слободните демократи (ФДП), нарекувајќи ја „правилна и неизбежна“ поради континуираните разлики.Шолц изрази задоволство од постигнатиот договор меѓу демократските пратенички групи во врска со процесот за нови избори.„Многу сум задоволен што пратеничките групи во германскиот Бундестаг сега постигнаа договор за тоа како новите избори може да се одржат брзо и на уреден начин“, рече тој.Германскиот канцелар ги претстави своите планови за иницирање на предвремениот изборен процес, закажан за 23 февруари, како што е договорено со опозициските демохристијани.„Ќе го направам мојот дел за да се осигурам дека тоа е можно“, изјави Шолц.Својата намера да побара гласање за доверба ја најави на 11 декември, а парламентарната одлука се очекува на 16 декември.„Ова ќе биде основа за новите избори во Германија, овозможувајќи им на нашите граѓани да одлучат како треба да продолжат работите во нашата земја“, додаде Шолц.Во германскиот Устав се вели дека предвремените избори може да се активираат доколку канцеларот изгуби доверба во Парламентот (Бундестагот), а претседателот го распушти Парламентот по барање на канцеларот.
Пронајдете не на следниве мрежи: