Шолц: Најдобар начин да се разбере што мисли Путин е да се зборува со него

Најдобар начин да се разбере што мисли рускиот лидер Владимир Путин за преговорите за Украина е да разговараме со него, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
Како што изјави за германските медиуми, шпекулациите за тоа што се случува во неговата глава нема да помогнат да се постигне напредок.

Во петокот Шолц и Путин разговараа по телефон за прв пат по речиси две години.
Како што соопшти Кремљ, рускиот лидер и германскиот канцелар во текот на разговорот детално и отворено разговарале за ситуацијата во Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи: