Шпанија ги затвори училиштата и универзитетите поради Ковид-19

Училиштата и универзитетите во регионот на Мадрид нема да бидат отворени две недели почнувајќи од среда, што е една од мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус. Тоа го изјави синоќа шпанскиот министер за здравство Салвадор Илја.
Поради тоа во своите домови ќе останат околу 1,2 милиони ученици и студенти.
Истата мерка беше донесена и од властите на баскискиот регион.
Во Шпанија досега, 28 лица починаа од коронавирусот, а 1.204 се инфицирани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.