Шпанската принцеза Кристина осомничена за корупција

Шпанската принцеза Кристина и официјално е осомничена во истрагата за случајот со корупција, којшто го опфаќа нејзиниот сопруг и поранешниот ракометен репрезентативец Инаки Урдангарин, соопшти во среда судот во Палма де Мајорка.Истрагата против Урдангарин е покрената поради тврдењата дека со поранешниот деловен партнер Диего Торес со посредство на хуманитарната организација која ја водеше, префрлил пет милиони евра од јавни фондови на сметката на фирмата која ја контролирал.Судот соопшти дека принцезата Кристина е повикана на испитување на 27 април. Четириесет и седумгодишната Кристина е второ од трите деца на шпанскиот крал Хуан Карлос и кралицата Софија.
МакфаксШпанската принцеза Кристина и официјално е осомничена во истрагата за случајот со корупција, којшто го опфаќа не

Пронајдете не на следниве мрежи: