Шпанските трошоци на задолжување на најниско ниво од 2010 година

Шпанските трошоци на задолжување со рок на отплата од една година паднаа на најниско ниво од почетокот на грчката должничка криза, на аукцијата одржана во вторникот, на која владата продаде повеќе трезорски записи од планираното.

Министерството за финансии продаде во вторникот 5,8 милијарди евра трезорски записи со рок на доспевање од шест и 12 месеци, надминувајќи го целниот износ од 5,5 млрд. евра.Со продажбата на трезорските записи со рок на доспевање од 12 месеци прибрани се 3,9 милијарди евра, со принос од 1,363 отсто, што е најниско ниво од април 2010 година. На слична аукција во февруари приносот изнесуваше 1,548 отсто. Побарувачката за овие записи денеска беше 1,9 пати поголема од понудата.Преостанатите две милијарда евра се прибрани преку емисија на шестмесечни трезорски записи, со просечен принос од 0,794 отсто, наспроти 0,859 отсто колку што изнесуваше во јануари. Побарувачката за овие записи беше 3,2 пати поголема.
Makфакс
Шпанските трошоци на задолжување со рок на отплата од една година паднаа на најниско ниво од п

Пронајдете не на следниве мрежи: