Што бараат жените кај мажите кои немаат пари?

Иако на жените од големо значење им е финансиска состојба на мажите, тие освен пари бараат и други работи…
И покрај тоа што постојано се зборува дека жените секогаш бараат мажи со дебели паричници, сите знаеме дека ова е делумно точно и дека девојките не толку често се вљубуваат во мажи кои не се финансиски силни. Сепак, се поставува прашањето, што бараат девојките кај мажите кои немаат пари?
Направивме мало истражување за да го одговориме ова прашање. Девојките ни кажаа дека освен парите има многу работи што ги бараат во совршениот маж и врз основа на нивните одговори, ги издвоиме и најважните.


Физички изглед
На прво место, се разбира, е физичкиот изглед. Девојките се изјаснија дека парите не се толку важни, како изгледот на мажите и дека ако мажот не е привлечен, парите нема да им направат некое големо задоволство. Мажот треба да знае како да се носи, да се облекува убаво и да биде уреден. Се разбира, физички атрибути како големи раце, голем грб и истакнати стомачни мускули се исто така пожелни.
Смисла за хумор
Девојките не сакаат досадни типови, туку бараат некој кои ќе ги насмее и со кој ќе им биде интересно. Затоа оние мажи кои имаат добра смисла за хумор поминуваат таму каде што не можат милионерите.


Романтичари
Девојките бараат мажи кои ќе ги натераат да се чувствуваат посебно и кои на сите можни начини ќе им ја демонстрираат својата љубов. Затоа многу подобро поминуваат мажите кои се романтични и кои не се плашат да кажат „те сакам“ и по неколку пати во денот.
Секс мајстори
Без разлика дали сакаат да го признаат тоа или не, на жените им е многу важно каков е мажот во креветот. Парите не можат да ја задоволат жената во креветот и ние целосно се согласуваме со тоа. Ако сте маж кои знае како да ги покаже своите квалитети под чаршафите, тогаш ќе бидете доста успешен со жените.
Разбирање
Скоро секоја жена од својот маж очекува поддршка и разбирање и тоа е всушнбост целата суштина на успешната и долга врска. Мажите кои ги разбираат своите партнерки и кои брзо им ги решаваат нивните проблеми се совршени мажи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.