Што да направите за вашиот градник и по една година да изгледа како нов

Потрагата по нов градник е една од најважните и најсложените кога станува збор за женски шопинг, така што на секоја девојка ѝ значи да може да го продолжи животот на својот градник.
Трикот е правилно да го исперете градникот. Не станува збор само за хигиена – со правилно перење тој ќе трае подолго.
Правилно перење
Градникот треба да се пере после секое второ, евентуално трето носење. Ова ќе ги задржи формата и еластичноста подолго. Обично се носи околу 10-12 часа на ден и како и секоја облека со телото, апсорбира маснотии од кожата и од дезодорансите, но исто така се истегнува и ја губи еластичноста. Ако веќе имате инвестирано повеќе пари во квалитетен градник, одржувајте го за да ви трае подолго.
Конструкцијата на градникот е многу комплицирана и се состои од многу делови. Моделите со жици откажуваат многу брзо ако се мијат во машина. Измијте го градникот во мијалник со течен детергент, не ви требаат повеќе од четири до пет минути и закачете го преку прачката за завеса за туширање или на шината за пешкир.
Ставете корпа во корпа
Нема потреба од специјални вреќи за перење. Преклопете ги корпите и чувајте ги така што ништо не ги притиска. Кога патувате, спакувајте ги помеѓу мека облека, што ќе ги заштити доволно.
Четири парчиња годишно е мерка
Најпријатно е да имате четири парчиња годишно. Би ги носеле околу 90 до 100 пати. Менувањето на градникот му овозможува на материјалот да ја врати формата и еластичноста помеѓу носењата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.