Што е поопасно за здравјето – сол или шеќер?

И едното и другото е важно за здравјето, но и двете се опасни ако се консумираат прекумерно. Но сепак, што е поопасно?
На мозокот му е потребен шеќер за енергија, а на мускулите, на пример, потребна им е сол за контракции, такашто е сосема јасно дека ни се потребни и солта и шеќерот. Но тие можат да предизвикаат и низа здравствени проблеми ако се внесуваат во поголеми количини, предупредува д-р Никет Сонпал.
А кое од двете е поопасно – солта или шеќерот?
Шеќер
Природниот шеќер, како оној кој се наоѓа во овошјето, главно не е опасен за здравјето, но проблемот е во рафинираниот и во додадениот шеќер.
„Млекото и природните овшни сокови на пример, содржат природни шеќери и калории, но имаат и нутриенти, витамини, минерали, протеини (млекото) и полифеноли (соковите), истакнува диететичарката Кали Мекморди.


Од друга страна, заблажените напитоци какви што се газираните сокови, имаат шеќер и калории, а немаат нутритивни својства. Истото важи и за повеќето грицки кои не обезбедуваат влакна, протеини, витамини, минерали…Не изненадува што нивната претерана консумација може да доведе до дебелина и до недостаток на нутриенти, предупредува Мекморди.
„Сите шеќери, без оглед на тоа како ги нарекуваат – бел шеќер, фруктозен сируп, кафеав шеќер – имаат слични ефекти на телото, го креваат нивото на шеќер во крвта поттикнувајќи го производството на инсулин“, предупредува д-р Мардок Калеги. Телото ослободува инсулин за да го изфрли шеќерот од крвта и клетките и да го искористи како енергија.
Можеби тоа ви делува прилично безначајно, но кога се внесува премногу шеќер, производството на инсулин може да доведе до инсулинска резистенција, терајќи го телото да произведуваповеќе инсулин, кој потоа се таложи како масти, објаснува Калеги. Со време, инсулинската резистенција и вишокот килограми до кои доаѓа поради вишокот на шеќери, можат да доведат до развој на дијабетес тип 2, со што се зголемува ризикот од глауком, а тоа е и водечка причина за откажување на бубрезите, како и фактор на ризик од инфаркт.
Освен тоа, консумирањето на шеќери во големи количини, особено на рафиниран шеќер, може да доведе до промена во телото и метаболизмот, како и до воспаленија, што може да биде вовед во разни хронични болести.


Сол
На човековото тело му е потребна сол за да ги регулира течностите и за да пренесува електрини импулси помеѓу клетките.
„За тоа како влијае шеќерот на телото, веќе се знае по нешто, но за влијанието на солта повеќе се расправа“, вели Калеги.
„Кај повеќето луѓе, умереното внесување на сол лесно се обработува во телото, дури и самото тело го бара тоа, но вишокот сол може да доведе до долгорочни здравствени компликации“, предупредува тој.
Генерално зборувајќи, не се препорачува дневно да се внесуваат повеќе од околу 5 грама сол, што е отприлика една лажичка. Меѓутоа, најголемиот број луѓе внесуваат многу повеќе од тоа.
Веќе со години се верува дека вишокот на сол има врска со задржувањето на течност во телото, но и со зголемување на притисокот во крвните садови, што доведува до покачен крвен притисок.
Неконтролираниот крвен притисок може да доведе до поголеми здравствени проблеми, како инфаркт, но и до проблеми со видот или со бубрезите.
„За просечна и здрава личност, умереното внесување на сол, не е штетно“, вели Мекморди, истакнувајќи дека некои луѓе се почувствителни на сол – а тоа се оние постари од 50 години и оние со покачен крвен притисок.


Исто така, она што го истакнува Мекморид како проблем е дека најмногу сол внесуваме од обработените намирници, „кои содржат и повеќе масти и повеќе калории, а нудат помалку нутриенти од свежите намирници подготвени дома“. Тоа може да доведе до вишок на килограми, покрај проблемите со покачениот крвен притисок.
Што е полошо?
Ниту едното не е опасно само по себе, доколку се внесува во умерени количини, но „ако се земе предвид се, може да се каже дека шеќерот има поголем негативен ефект врз нашето општо здравје“, заклучува д-р Рејчел Хед.
И Мекморид се согласува со ова. „Солта е неопходна за телото да функционира нормално. Шеќерот не е“.
За да не претерате со внесувањето на шеќер и сол, фокусирајте се на внесување на хранливи извори на јаглени хидрати, како целите житарки, млечните производи и овошјето, а стојте настрана од намрниците кои содржат рафинирани шеќери и обработени состојки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.