Што е психобиотска исхрана? Намален стрес со поздрави црева…






Докажан факт е дека храната влијае врз нашата ментална состојба. Ирски научници решија да истражуваат дали психобиотската исхрана, која е фокусирана на здравјето на цревата, исто така може да има позитивно влијание врз нашата ментална благосостојба.

Што е психобиотска исхрана?
 Основата на овој тип исхрана е во врската црева-мозок, со тоа што дава приоритет на храната здрава за цревата за поддршка на рамнотежата на цревните бактерии (интегрални житарки, пребиотик овошје и зеленчук, мешунки и ферментирана храна). Оваа исхрана,  подразбира исфрлање на слатките, зашеќерените пијалоци и преработената храна.
Истражување
Стручњаците вршеле испитување на 45 здрави возрасни лица (на возраст од 18 до 59 години) со неоптимални навики во исхраната. Исхраната на дневно ниво вклучувала:
6-8 порции овошје и зеленчук со висока содржина на пробиотски влакна (јаболка, банани, праз, кромид)
5-8 порции интегрални житарки (овес, интегрална пченица, киноа)
2-3 порции ферментирана храна (кисела зелка, кефир, комбуха) и на неделно ниво 3-4 порции мешунки (наут, леќа, грашок)
На студиската група и биле дадени информации за компонентите на психобиотската исхрана и било побарано да се придржува до неа колку што е можно повеќе.
Истражувачите го испитувале составот и функцијата на стресот, општото здравје и исхраната, како и метаболичкиот профил на примероците од крв, урина и столица, и пред и по четиринеделниот пробен период за двете групи.
Учесниците кои ја следеле психобиотската исхрана доживеале поголемо намалување на воочениот стрес. Иако немало значителна разлика во одговорот на стресот помеѓу контролната и тест-групата, оние кои го следеле овој тип на диета доживеале помалку стрес. Промените во микробиолошкиот состав на цревата биле незабележливи.
Истражувачите идентификувале значителни промени во 40 специфични фекални липиди, благодарение на намалувањето на вкупните маснотии во исхраната и зголемувањето на мононезаситените масти и метаболитите на триптофан во урината (амино киселини неопходни за синтеза на протеини), а покрај тоа, забележан е подобар инфламаторен одговор.
За само четири недели, учесниците кои следеле психобиотска диета – односно диета богата со растителни влакна и ферментирана храна – доживеале пониски нивоа на стрес, поздрави движења на дебелото црево и подобрен микробиолошки состав и функција на метаболизмот.
 

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: