Што значат боите на лампионите на новогодишната елка

Секоја година пред Нова година многумина од нас китат елка. Постојат две верувања за тоа како настанало китењето на елка. Според првото, свети Бонифације спасил живот на дете кое паганите сакале да го жртвуваат, така што со тупаница срамнил со земја бор околу кој сите се собрале. На местото каде се наоѓал борот никнала елка, како симбол на Исусовиот вечен живот.
Според друго верување, пред повеќе од 2000 години, пред пештерата во која се родил Исус растеле бор, кедар и елка. Од среќа што се родил божјиот син, борот и кедарот се затресле и му подариле плодови. Елката почнала да плаче бидејќи немала плод и што не може ништо да му подари. Еден ангел се сожалил, симнал ѕвезда од небото и и ја дал на елката. Елката се свиткала и од својот врв нежно ја пуштила ѕвездата покрај Исус.
Зимзеленото дрво е симбол на вечен живот кај многу стари народи (Египќаните, Кинезите, Евреите). Постојат повеќе легенди за тоа како настанала првата новогодишна елка.
Обичајот за китење на новогодишна и божикна елка влече корени од 11 век. „Рајското дрвце‟ украсено со црвени јаболки на 24 декември, на денот на Адам и Ева, во Западна Германија со тек на времето почнало да се внесува дома и да се кити со разни видови на колачи. Свеќите, како симбол на Христос, биле обавезен дел од украсите за елката. Во истата соба се наоѓале мали пирамиди правени од храна и украсени со зеленило, свеќи и ѕвезди.


Со спојување на тие два обичаи во 16 век се прифатил ритуалот за украсување на божикно дрво, а до 18 век тој се приширил на цела Германија, Франција и Австрија. Принцот Алберт, маж на кралицата Викторија, донел елка во виндзорскиот замок во 1841 година. Таа елка била украсена со играчки и мали подароци, венчиња, колачиња и цветови од хартија. Обичајот од кралскиот круг брзо почнал да се шири на средната класа, а потоа и кај обичниот народ.
Со посредство на Германците елката во раниот 17 век се доселила и во Северна Америка, а преку западните мисионери божикното дрво во текот на 19 и 20 век стигнало и во Кина и во Јапонија. Раскошниот изглед кој симболизира среќа, богатство и благосостојба елката го добила во 19 век.
Еден од најубавите обичаи во врска со дочекот на Новата година е китењето на елка. Како ќе ја накитите елката во денешно време е работа на вкус, идеи, материјални можности, но и знаење. Ние ви нудиме неколку совети во врска со китењето, за вашата елка да биде вистински одраз на расположението во кое сте. Поради тоа, ќе се позабавиме со боите.
Кога китите елка, не претерувајте со боите, но не претерувајте ниту со преурането китење. Ако прерано ја накитите елката, може да се случи целиот тој сјај и блескавост на бои да ве заситат пред време. Во духот на нашите обичаи, размислете за тоа дали елката треба да ја поставите непосредно пред Новата година, за да остане до Православната Нова година.
Исто така, пожелно е секој од домашните, па дури и гостин, да стави по некој украс на елката, за да се чувствува попријатно. Тоа не мора да биде купување на украси; подеднакво убава може да биде и елка накитена со бонбони или украси кои сами ќе ги направите. Но, да се вратиме на боите.
Зелена – оваа боја треба што повеќе да се користи. Новогодишната треска може да биде многу стресна, затоа е важно дома да домирина зелената боја, бидејќи тоа е боја која смирува. Покрај тоа, одличен контраст е на доминантно црвената новогодишна боја. Ако сте се одлучиле за зелена елка, тоа е добар избор, бидејќи покрај зелената одат дури и многу разнобојни украси.


Бела – фенг шуи вели дека белата боја е без живот, „боја без боја‟ и дека не е препорачливо да се користи во вакви прилики. Меѓутоа, во последно време се појавуваат се повеќе бели новогодишни елки и украсни гранки, кои можат да бидат исто така вкусно накитени. Сепак, ако китите бела елка, треба да водите сметка за тоа да не мешате повеќе од две бои на украсите.
Црвена – не се вели залудно дека тоа е боја која симболизира радост, среќа, уживање, но и длабока и страсна љубов. Исто така, се верува дека штити од негативна енергија и без сомнеж може да се каже дека таа боја, која почнувајќи од облеката на Дедо Мраз, па до украсните ленти и лампиони, најчесто може да се види пред новогодишните празници. Црвената боја на украсите идеално оди со златна боја.
Сина – боја на духовност, сочувствителност и нежност. Се поврзува со духовноста, постојаноста и верноста. Како и зелената и оваа боја делува смирувачки. Затоа, ако наместо за зелена се определите за бела вештачка елка, идеална боја на украсите е токму сината.
Виолетова (пурпурна) – боја која симболизира верност, искреност, љубов и страдање. Истовремено, тоа е боја и на високото благородништво, па елката може навистина да изгледа ексклузивно ако на неа доминира виолетова боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.