Што значи бришењето на црната дамка на таткото на атомската бомба?

Опенхајмер во 1954 година ги губи сите безбедносни овластувања откако по четиринеделно сослушување зад затворени врати, тогашната Комисија за атомска енергија го обвини дека е комунист.

Владата на САД по седум децении одлучи да ја избрише црната дамка во кариерата на Роберт Опенхајмер, таткото на атомската бомба. Од национален херој на САД, кој беше клучен во победата на Сојузниците во Втората светска бомба, до замолкнат гениј дискредитиран од сопствената влада.

Опенхајмер во 1954 година ги губи сите безбедносни овластувања откако по четиринеделно сослушување зад затворени врати, тогашната Комисија за атомска енергија го обвини дека е комунист.

„Повознемирувачки е што историските докази укажуваат дека одлуката за промена на овластувањето на д-р Опехајмер не се базирала на искрената желба за безбедност на класифицираните податоци туку со желбата на политичкото раководство на Комисијата за атомска енергија да го дискредитира д-р Опенхајмер во јавните дебати за политиките за нуклеарното вооружување“, истакна Џенифер Грахолм министерката за енергија на САД.

Сега, владата предводена од претседателот Бајден ја укина одлуката од 1954 година

Од херој до непријател

Опенхајмер имал силен мотив да им помогне на САД и сојузничките држави први да стигнат до атомската бомба пред тоа да го направи нацистичка Германија.

atomska bomba Others

Тој бил задолжен за „Проектот Менхетен“ кој започнал во Њујорк на почетокот на војната, а главната експериментална лабораторија била лоцирана во Лос Алмос во Њу Мексико.

„Сега јас станав смртта, уништувачот на светови“, на овој начин Опенхајмер ги опишува чувствата по првата успешна атомска детонација на тест бомбата Тринити во пустината во Ново Мексико.

Овој цитат Опенхјмер го позајмува од хиндуистичкиот санскритски текст „Вагава-Гита“ во кој се опишува „светата должност“ на воинот во борба.

Но, неговата преплашеност од неизбежната должност која ја имал за спас на човештвото за ставање крај на најкрвавата војна во историјата и потоа опасноста од трката за нуклеарно вооружување, му донеле несогласувања со американската влада.

Се смета дека неговата блискост со левичарски и комунистички активисти му пресудила и затоа бил дискредитиран како „симпатизер на СССР и комунистичката идеологија“ кој повеќе не смее да има пристап до структурата на националната безбедност.

Влијанието на Холивуд и заканата од нуклеарна катаклизма

Исправањето на неправдата врз научникот доаѓа непосредно со објавата на трејлерот за „Опенхајмер“ новиот филм на прославениот режисер Кристофер Нолан кој по само 24 часа веќе имаше десетина милиони прегледи.

Во главната улога ќе се појави актерот Килијан Марфи, заедно со плејада на познати холивудски актери. Нолан најави дека успеал да прикаже нуклеарна експлозија без употреба на компјутерски ефекти. Тоа значително ја зголеми љубопитноста на публиката за самата тема и блокбастерот кој ќе биде прикажан следното лето.

Очигледниот зголемен интерес на јавноста за историските настани околу „Проектот Менхетен“ како и постапките на Опенхајмер го зголемија притисокот врз американските власти.

Денес се чини дека задушување на ваков вид на дебата за нуклеарното вооружување, кога заканата со војната во Украина е значително зголемена, е излишна.

Затоа се смета и дека е неопходно аргументите за несогледливите последици од масовно уништување, кои ги нудел Опенхајмер да се актуелизираат.

TRT BALKAN MACEDONIA


Пронајдете не на следниве мрежи: