Што сакаат жените: Трите карактеристики на совршениот маж

Ни најискусните мажи немаат одговор на прашањето што е она што жената го бара од совршениот партнер. Точно е дека вистинско решение всушност и нема, и дека се е индивидуално, но сепак постојат некои ситници кои сите дами без исклучок ги посакуваат.

На прво место е искреноста. Искреноста е многу важна за жените и најмногу од се не поднесуваат кога овој сегмент во врската недостасува. Кога мажот лаже, жените се подготвени и да ја раскинат врската, бидејќи најважно од се за нив е да имаат на кого вистински да се потпрат. Без оваа основа, врската стои на стаклени нозе.

Трамп: Ќе ја завршам војната во Украина, ќе ја спречам Третата светска војна
„На 20 јануари САД засекогаш ќе ја свртат страницата по четири долги, страшни години неуспех, неспособност, национално распаѓање и ќе инаугурираме нова ера на мир, просперитет и национална големина“, …
Костадиновски за изјавите на Мицкоски: Ирелевантно е кој ги избрал уставните судии
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски информира дека Судот во текот на утрешниот ден ќе има редовен работен состанок на која ќе се утврдат имињата на експертите за подготвителната …

На второ место е неговата способност да слуша. Жените сакаат кога покрај себе имаат партнер на кој можат да се доверат, кој ќе знае да ги сослуша, да ги советува и да биде нивна подршка во секој момент. Ако ја имате таа моќ, ќе се издвоите од останатите риби во морето. Слушајте што зборува и ќе бидете специјален за неа, а таа ќе посака засекогаш да ве има во своја близина.

И на трето место е зрелоста. Жените сакаат стабилни мажи, кои знаат што сакаат. Во машката природа е тој да биде јак и секогаш цврст прислон за жената, а во ситуациите кога е обратно, дамите набрзо ќе почнат да бараат нешто ново, некој кој ќе умее да ги заштити и да ги направи да се чувствуваат сигурни. Жената е нежна и нормално е да бара некој кој ќе биде посилен од неа. Се останато не доаѓа во предвид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.