Српските медиуми објавија ново вознемирувачко видео од насилство, поставено на социјалните мрежи. На снимката се гледа како неколкумина удираат и малтретираат младо момче поради наводен долг.
Перитоа, тие го удираат по главата, грбот, рацете и нозете. Иако момчето упорно ги моли да го пуштат и да не го повредуваат, насилниците не престануваат.
Тој се обидува да си го заштити лицето со раце, но ниту тоа не му го дозволуваат.
Кои се учесниците во ова малтретирање и каде е направено видеото се уште не е точно познато.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.