Дали сте знаеле дека на сокот од моркови ако му додадете неколку зачини ќе биде неверојатен лек за воспаленија?
Ако исхраната не ви е баш најздрава, во вашето тело многу е веројатно да има некое воспаление за кое не сте свесни, а тоа може да предизвика срцеви болести, ревматоиден артритис, дијабетес тип 2 и болест на дебелото црево.
Кај воспаленијата е неизбежно присутен оксидативен стрес, кој потребно е да се неутрализира за телото да се опорави и да се избори со воспалението. Во тоа може многу да ви помогне сокот од моркови.
Големата количина на бета каротен која го содржи, во телото се претвора во витамин А, кој е познат како одлично средство за уништување на слободните радикали. Освен тоа, овој витамин помага во подобрување на работата речиси во сите системи во телото.
Ако во сокот од моркови додадете малку цимет, куркума и ѓумбир, ефектот ќе биде уште подобар, поради неверојатните состојки кои ги содржат овие зачини, од противвоспалителни до противканцерогени.
Состојки:
– 1 поголем портокал;
– 3 моркови;
– парче излупена куркума;
– ѓумбир (околу 2cm.);
– 2 јаболки;
– 1 лажица цимет;
– мед по желба.
Подготовка:
Исцедете го сокот од свежото овошје, ѓумбирот и куркумата со помош на соковник. Додадете го циметот и медот, убаво соединете и уживајте во феноменалниот лековит пијалок!