Што се случува меѓу Мицковски и Јакимовски? Стевчо Јакимовски: Мицкоски заслужи да му мавнам бокс

Стевче Јакимовски, претседателот на ГРОМ по раскинувањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, денеска во телевизиското гостување во Студио 10 на ТВ24 рече дека лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски „заслужил да му мавне бокс“.

„Го трпев и за мене што зборуваше, Стефче е мртов човек, болен и ќе умре, мртов политичар, тој заслужи бокс да му мавнам, а не коалиција да раскинам. Односот кон мојата партија го трпев, но кога се граѓаните во прашање тоа не можеме да го поминеме.“, рече градоначалникот на Општина Карпош во студиото.

На Јакимовски му пречела, како што рече, многу лаги и грешки на Мицкоски, а го обвини и дека непотребно го одложил националниот попис.

„Партијата не може да биде ничиј заложник. Сме направиле коалиција за подобро утре. Ако гледаме дека работата не оди, тогаш не сме подготовени да сорботуваме. Во изминатиов период ние голтнавме крупни грешки на Христијан Мицкоски, крупни кои опозијата ја држат во лер без функцоинирање на полн капацитет. Ако ви кажам дека пред локаланите избори ми демонстрираше лажни анкети, па виде дека и ние правиме анкети и беше видно вознемирен. Во минатиот период за време на полицискиот час од Гром никој не одеше по кафани, тератени, кој ги правеше тие штети? Одлагаше пописи, се на штета на државата“ наведе Јакимовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.